Задолжителна Домашна работа!
Стагнирате во напредокот во чучањ, имате болки во лумбарниот/долниот дел од грбот? Има решение и за ова.
Сите ние кои активно се занимаваме со некој спорт сме максимално фокусирани само на тренингот и постигнување на резултатите. Најголемата грешка за нас е тоа што го имаме запоставено одржувањето на телото однсно тренингот и вежбите за мобилност и рекуперација. Особено страдаат оние кои не се занимаваат со спорт, а имаат работа со долго седење директно ги чуствуваат последиците од намалената мобилност на телото при движиње.
За таа цел погледнете го видеото на Гуруто за мобилност и флексибилност др.Кели Старет кој во детали ги објаснува вежбите за зголемување на мобилноста и флексибилноста во колковите кој е во директна корелација со зголемувањето на капацитетот за чучањ и болките во лумбарниот дел на грбот. Овие вежби за колкот се одлични за оние кои трчаат, крофитерите особено, а посебно оние кои работата им налага долготрајно седење!
Искористете го овој слободен ден од тренинг да ги направите вежбите од видеото и видете ја разликата на следниот тренинг!